Блумберг: Сопартиец на Орбан доби на подарок 400 медиуми

1010

Сопствениците на повеќе од 400 унгарски медиуми во координирана акција ги подарија своите компании на поранешен пратеник од владејачката партија ФИДЕС.

Станува збор за медиуми, чии сопственици се бизнис и политички сојузници на партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Подарените медиуми ќе бидат под контрола на фирмата „Централноевропска фондација за печат и медиуми“.

Подарокот или донацијата не подразбира парични трансакции, па така нема да биде платен ниту данок.

– Ставањето на стотици медиуми под контрола на една компанија потсетува на минати времиња на национализација во време на комунистичката власт и контрола на партијата над цело општество – објави Блумберг, додавајќи дека таква контрола и авторитарно однесување сакаат конзервативците кои „им се воодушевуваат на потезите на унгарскиот премиер Виктор Орбан“.

Блумберг наведува и дека конзервативците посебно се воодушевени од пресметката на Орбан со фондацијата на Џорџ Сорос „Отворено општество“ и „поставувањето на бодликава жица на границата за пречек на мигрантите“.

Унгарија во 2010 година беше на 23 место по медиумските слободи на Репортери без граници, додека годинава е на 73 место.

Меѓународните набљудувачи на медиумските слободи наведуваат дека во 2015 година Владата на Орбан беше поддржувана од 31 медиум, додека сега имаат поддршка од 500.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...