Рускиот претседател Владимир Путин и контроверзниот саудиски принц Мохамед бин Салман срдечно се поздравија на самитот на Г – 20, кој се одржува во Буенос Аирес.
Според западните медиуми, идниот владетел на Саудиска Арабија, кој е во центарот на вниманието поради сомнежите дека го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги, бил осамена фигура во просторијата додека не се појавил Путин, кој седнал до него.
– Путин ја крена раката кон Салман, поздрав што тој воодушевено го прифати, по што следеше заедничка широка насмевка – пишува „Дејли мејл“.
Spotted at the G20 summit: Saudi Arabia's Mohammed Bin Salman shaking hands and smiling with Russian President Vladimir Putin: https://t.co/wjG44vkQla pic.twitter.com/MQ4M4UyuqS
— CBS This Morning (@CBSThisMorning) November 30, 2018