Мадрид го покрена механизмот со кој се забранува сообраќај во центарот на градот во деновите кога има високо загадување на воздухот.
Со забраната се ограничува движењето на повеќето приватни авотмобили во центарот на градот, а целосно им е забрането движењето на оние кои загадуваат.
Планот, кој наиде на многу полемики во јавноста, ја контролира зоната од 472 хектари со ниска емисија на гасови во најстрогиот центар на главниот град на Шпанија.
На пристапните патишта брзината на движење е ограничена на 70 километри на час , а забрането е дури и паркирањето на авомобили во центарот на Мадрид.