Џорџ и Амал Клуни кумови на кралското бебе

429
ФОТО: Профимедиа

Принцот Хари и Меган Маркл го чекаат своето прво дете, кое на свет ќе дојде во април наредната година. Со оглед на тоа дека во кралското семејство сите бебиња се крштеваат по 40 дена, кумовите на детето на Меган и Хари се веќе познати.

Имено, славниот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал ќе бидат кумови на првото дете на Хари и Меган. Ова за британскиот „Дејли мејл“ го открил роднината на Клуни, Бен Бреслин, но ниту актерот ниту Кенсингтонската палата не ги потврдиле наводите.

Меѓутоа, оваа информација и не е големо изненадување, имајќи предвид дека Џорџ Клуни и принцот Хари се многу блиски пријатели последните месеци.

– Амал и Меган се познаваат со години и се добри пријателки. Поради нив Хари и Џорџ се зближија и станаа пријатели. Поблиски се отколку што тоа е  претставено во медиумите – рекол инсајдер.

Да потсетиме, по кралската венчавка во мај годинава, Меган и Хари поминаа неколку денови со брачната двојка Клуни на италијанското езеро Комо, каде што Џорџ има куќа.

ФОТО: Профимедиа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...