Драмскиот театар најави дека започнува со низа настани со кои ќе потсетат на ремек делата на македонскиот писател и драматург, Горан Стефановски, кој почина на 27 ноември.
Во сабота (01.12) од 19 часот ќе се одржи проекција на претставата „Диво месо“ (1979) во режија на Слободан Унковски, а воведен збор и модератор на настанот ќе биде м-р Александра Бошковска.
Во понеделник (03.12) од 19 часот ќе има проекција на претставата „Дупло дно“ (1984) во режија на Слободан Унковски при што воведен збор и модератор ќе биде д-р Мишел Павловски.