Бреговиќ во март во Скопје со „Три писма од Сараево“

164

Најголемата активна ѕвезда од Балканот ширум светот, познатиот и популарен Горан Бреговиќ, конечно го носи својот последен проект „Tri pisma iz Sarajeva“ и во Скопје, на 22. март во ВИП Арената – информираат од Авалон продукција.

Бидејќи ова шоу не може да се изведе само со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, тој на скопскиот концерт ќе биде придружуван и од комплетниот состав на Македонската филхармонија, заедно со гостите коишто ги носи на сите концерти, а се дел од овој негов голем проект.

Инаку албумот „Tri pisma iz Sarajeva“ е најпродаван Ethno world album во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, а Горан Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник „Гардијан“.

Се разбира дека на концертот ќе бидат изведени и сите негови хитови како: „Калашњиков“, „Месечина“, „Едерлези“ и многу други, па така, со гаранција предвидуваме незаборавна вечер во Скопје на 22. март.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба в понеделник наутро (03.12) преку продажната мрежа на Авалон и онлајн на avalon.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...