За добро утро: Може една кратка со ѓумбир?

Знаеме сѐ за ѓумбирот и одново и одново не фасцинира. Го помага варењето, ги олеснува мачнините, го поттикнува имунитетот, го намалува воспалението...има ли нешто што ѓумбирот не го може? Затоа, една чашка ѓумбир е навистина одличен начин да го почнете денот.

976

Освен што е препознаен како одличен зачин во кујните ширум светот, лековитите својства на ѓумбирот се сепак главна причина за неговата популарност.

Можеби е најпознат фактот дека ѓумбирот помага во ублажување на мачнините и повраќањето како и кај тегобите со варењето – не само што го смирува желудникот, туку ги олеснува надуеноста и запекот и ја подобрува апсорпцијата на хранливи материи.

Но освен тоа ѓумбирот содржи и антиоксидантни , анмтимикробни и противвоспалителни својства – затоа „чашка“ ѓумбир рано наутро е одличен начин да го почнете денот. Ќе го разбуди вашиот метаболизам и ќе ви даде енергија.

Прочитајте повеќе на порталот „АРТ КУЈНА“.

Фотографијата е преземена од ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...