Итно приземјен авионот на канцеларката Меркел

1203
ФОТО: EPA / KIMMO BRANDT

Авионот во кој била германската канцеларка Ангела Меркел морал принудно да слета.

Меркел тргнала во Аргентина на самитот Г20.

Авионот слетатл во Келн поради проблеми во „електронскиот систем“. Само час по полетувањето, авионот морал принудно да се спушти, морал да го прекине планираниот 15-часовен пат до Латинска Америка.

Се очекува дека канцеларката ќе го продолжи патот до Аргентина со друг авион.

Пилотот на авионот во кој била германската канцеларка, наводно одлучил да не се чека на поправка на авионот, туку побарал нов авион, пренесува Дневни аваз.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...