Главата и се удвоила откако ја бојадисала косата, за малку ќе умрела ВИДЕО

380

Ја обоив косата, и тогаш главата почна да ми расте и наскоро бев на работ на животот, поради една честа хемикалија во фарбите за коса, почна да ја раскажува својата приказна Естел, 19-годишна студентка од Париз.

Таа доживеала тешка алергиска реакција на бојата за коса која ја купила во супермаркет, а фотографијата која ја снимила по фарбањето на косата покажува како и пораснала главата.

Според „Le Parisien“, сѐ се случило заради хемикалијата Paraphenylenediamin, која се наоѓа во голем број бои за коса и предизвикува алергиска реакција.

Како што на секоја боја пишува дека пред фарбање бојата треба да се нанесе на мал дел од кожата и да се чека 48 часа, Естел го послушала советот, но нејзиниот тест траел само половина час. Бојата ја нанела на рака и откако по 30 минути не забележала никакви последици, ја исфарбала косата.

Набрзо почувствувала чешање и печење на скалпот, па испила антихистамини, но утрото состојбата драстично и се влошила.

Обемот на главата и бил 63 сантиметри, а ужасното чувство се зголемило откако и отекол и јазикот.

– Не можев да дишам, главата ми изгледаше како сијалица.Скоро ќе умрев, не сакам тоа да се случи никому – рекла Естел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...