Канада денеска најави дека ќе воведе санкции за 17 саудиски државјани поврзани со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул.
Канада со оваа одлука го следи САД, Франција и Германија.
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Канада се наведува дека санкциите вклучуваат забрана за патување и замрзнување на финансиски средства.
Саудискиот новинар Кашоги убиен е на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул.