Европскиот парламент денеска со големо мнозинство усвои Резолуција за Србија, во која се оценува дека земјата постигнала напредок на патот кон членство во ЕУ.
„За“ усвојување на Резолуцијата гласаа 503 европратеници, 85 беа „против“, а 47 се воздржаа од гласање.
Во документот се наведува дека нормализацијата на односите со Косово е клучен фактор за напредокот на Србија и се укажува на потребата за зајакнување на реформите во земјата, пред се во сферата на владеењето на правото.
Резолуцијата е изработена врз основа на Извештајот на специјалниот пратеник на Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер.