Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ од денеска во кината

141

Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ од најновата швајцарска продукција со превод на македонски јазик од денеска почнува да се прикажува во кината низ Македонија. Проекциите тргнуваат денеска од Центарот за култура во Неготино и Центарот за култура во Гостивар (денеска и утре), од каде продолжуваат во киното „Милениум“ во Скопје на 1. и 2. декември и Кинотеката на Македонија на 3. декември.

Режијата е на Мануел Флурин Хендри, а во главната улога се појавува швајцарскиот актер Штефан Курт кој комплетно е трансформиран за да го долови изгледот на таткото Мол. Филмот е номиниран за најдобар актер и најдобра монтажа за Швајцарските филмски награди, a трае 90 минути.

Таткото Мол останува дома сам со своите деца за време на викендот, откако мама Мол ќе замине на спа викенд со пријателките. Веднаш почнуваат проблемите. Додека Мол работи прекувремено во фабриката за чоколада, децата влегуваат во расправија со палавковците од соседството и деца на шефот на Мол – расправија за шеќерна волна, домашна задача и најпознато циркуско куче во светот.

Дистрибутер за Македонија е „Узенгија“ од Скопје, а дистрибуцијата е поддржана од Swiss Films.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...