Силна експлозија во Загреб

151

Во центарот на Загреб, рано утринава дојде до експлозија, соопшти хрватската полиција. Засега нема информации за повредени при инцидентот.

– Добивме дојава во 06.20 часот. Постапката е во тек, изјави претставник на загрепската полиција – пренесува „Јутарњи лист“.

Очевидци велат дека наводно бомба експлодирала во едно кафуле, спроти кое е зградата каде живее Томислав Карамарко, еден од оснивачите на партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ).

Во експлозијата оштетени се неколку возила, а искршени се и прозорците на првиот кат од зградата во непосредна близина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...