Меркел доби елка висока 11 метри

102
ФОТО: EPA / OMER MESSINGER

Германската канцеларка Ангела Меркел ја доби својата овогодишна божиќна елка, јави ДПА.

Дрвото високо 11 метри беше донесено во Берлин од соседната покраина Бранденбург и вчера е поставено пред Кабинетот на канцеларката.

Ден претходно, пред зградата на Рајхстагот беше подигната 24-метарска смрека донесена од Долна Саксонија.

Деновиве свои божиќни дрвја треба да добијат и Бранденбуршката порта и други значајни места во германскиот главен град.

ФОТО: EPA / OMER MESSINGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...