Украинското Министерство за надворешни работи денеска упати протестна нота до Москва поради, како што се наведува, незаконските акции против морнарите од украинската морнарица, соопшти синоќа прес службата на Министерството.
Станува збор за 24 членови на екипажот од три брода на украинската морнарица кои, според Москва, ги прекршиле прописите за минување преку Керченскиот Теснец, по што беа уапсени.
Ним им е одреден притвор од два месеца поради сомненение дека илегално ја минале руската граница. Ако бидат прогласени за виновни, им се заканува затворска казна од шест години.
Украинското МНР наведе дека Киев одлучно бара Русија „веднаш да ги ослободи украинските државјани и да овозможи нивно безбедно враќање во татковината“.
ФОТО: EPA / STEPAN FRANKO