Тензиите меѓу Русија и Украина ја загрижија ЕУ

31

Европската унија е „исклучително загрижена“ поради „опасното зголемување“ на тензиите меѓу Русија и Украина во Азовско Море. Сепак, не се планирани нови санкции против Москва, соопштија владите на 28-те членки на Унијата.

„Ние сме загрижени од оваа употреба на сила од страна на Русија, која, во контекст на зголемување на милитаризација во регионот, е неприфатлива”, се вели во заедничкото соопштение лиферувано од Канцеларијата на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

Текстот бил договорен по тридневна дискусија. Тоа се должи на сериозни несогласувања меѓу одделни земји-членки, велат дипломатски извори, пренесува БТА.

За усвојување нови санкции против Русија неопходна е согласност од сите членки на Унијата.

Полска ја поддржала идејата за воведување нови санкции, но според неколку земји, вклучувајќи ги Франција и Германија, тоа би било прерано.

ЕУ воведе економски санкции за Русија во јули 2014 година поради конфликтот во Украина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...