Помпео: Деградирање на односите меѓу САД и Саудиска Арабија би било грешка

92
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека влошување на односите меѓу САД и Саудиска Арабија би било грешка за националната безбедност на САД.

Помпео, на брифинг во Сенатот, изјави дека убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Турција ги зголеми критиките за Вашингтон кон Ријад. Сепак, тој оцени дека деградирање на американско-саудиските врски би била „голема грешка за националната безбедност на САД и нејзините сојузници”.

Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...