„Форбсовата“ листа на најбогати луѓе на светот ги ажурираше најновите податоци за 2018. година.
На листата и натаму води Џеф Безос, основачот на „Амазон“, фирма за интернет трговија, кој е се побогат. Неговото богатство се триплицира од 2016. до 2017. година, од кога заседна на првото место, со повеќе од 100 милијарди долари, пренесува хрватски Индех.
Вредноста на имотот се проценува на 112 милијарди долари.
Тој е на прво место откако го симна долгогодишниот најбогат човек на светот Бил Гејтс, соосновач на софтверската компанија „Микрософт“. Гејтс на прво место беше 18 години, а сега суверено го држи второто место со 90 милијарди долари.
Трет е Верон Бафет, чие богатство се проценува на 84 милијарди.
Следува Бернард Арнаулт со богатство од 72 милијарди, поради сосптвеноста на компанијата ЛВМХ.
На пето место е се побогатиот Марк Закерберг, соосновач на најпопуларната социјална мрежа на светот Фејсбук, со богатство од 71 милијарди долари.