Унгарскиот премиер, Виктор Орбан се запозна со американскиот актер Чак Норис и видеото од средбата го објави на својата Фејсбук страница.
Интересен дијалог се водеше меѓу Чак Норис и Виктор Орбан. Орбан на Норис му вели дека го мразат либералите исто како што во САД не го сакаат Трамп, како и дека е тој уличен борец.
Тие се сретнаа во едно кафуле, за потоа премиерот да го однесе актерот во акциски филмови во тренинг – центар за да ги видат како вежбаат противтерористичките единици.
Норис го спореди Орбан со Трамп, откако унгарскиот премиер му се пожали дека 90 проценти од коменатрите за него се негативни.