Поранешен норвешки министер обвинет за силување мигранти

373

Поранешниот конзервативен министер Свејн Лудвигсен (72) од Норвешка, е обвинет за силување мигрантите, објави норвешкото Министерство за правда.

Тоа траело со години, а државниот обвинител го испитува поранешниот министер за сексуална злоупотреба на три лица, појасни државниот адвокат Тор Борге Нордмо.

Лудвигсен е обвинет за злоупотреба на функцијата полициски управник на регион, како и дека ја искористил тешкатѕа положба на три лица кои барале азил, многу помлади од него, од кои едниот со лесна ментална болест и сексуално ги искористил.

Тоа се случувало во неговата куќа и во хотели во периодот помеѓу 2011 и 2017 година, се наведува во обвинението.

Пред да стане полициски управник, поранешниот конзервативен функционер беше на највисоките државни функции, меѓу кои и министер за риболов меѓу 2001 и 2005 година.

Лудвигсен ги отфрли сите обвинувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...