Граѓаните во долгови до гуша, секој втор има долг за нешто

Македонското кредитно биро има отворено над 500.000 кредитни партии од физички лица и претпријатија.

361

Близу милион и четиристотини илјади граѓани и над 100.000 компании имаат обврски по основ на кредити, акредитиви, заеми, обврски, по основ на неплатени сметки од јавните комунални преторијатија, телекомуникации даноци, продонеси а кои се во базата на Македонското кредитно биро. Од наредната година ќе биде вклучен и податокот за блокирана сметка, а ќе почнат и со изработка на кредитно рангирање, како и вклучување на обврските што некое физичко лице или претпријатие ги има кон општините.

Ова го соопшти главниот извршен директор Тони Трајанов на денешната средба со новинарите на која истакна дека станува збор за огромна база на податоци која е корисна и за физичките лица, но и за компаниите. Меѓу податоците наведе дека 140.000 лица имаат обвски како жиранти, како и  околу 1,2 милион лица по основ на активни кредитни картички.

– Важно е секој граѓанин во РМ да знае дека може во кој било период во самата институција да дојде да побара сопствен извештај во однос на неговите обврски. Детален извештај за тоа кој временски период дали ги доцни обврските по сите основи, дали се однесува за кредитна партија, дали се однесува за обврска по основ на комунална такса, дали се однесува за неплатен данок итн- изјави Трајанов.

Тој додаде дека исто така и компаниите имаат простор да добијат извештај и да видат со кого ќе соработуваат.

– Важна е таа одлука при донесување затоа што знаеме со какви проблеми се соочуваат одредени компании при носење на деловните одлуки – истакна Трајанов.

Тој додаде дека од МКБ може да добијат извештај и за компании од 230 странски земји.

-Интересот за вадење ваков вид податоци е огромен, а најчести корисници се банките и финансиските друштва, меѓутоа тука се и граѓаните кои доаѓаат лично по различни основи да побараат сопствени извештаи – вели тој.

Извештаите може да содржат податоци од 2008 година наваму, откако работи македонското кредитно биро, а податоците, како што вели директорот, се ажурираат на дневна основа.

– Во периодот за овие 10 години постоење на МКБ повечеени се над три милиони и 300 извештаи, што е огромен број, рече Трајанов и додаде дека 8.000 извештаи се повелечени во овој период директно од правни или физички лица.

За тоа колку се задолжени граѓаните рече дека во апсолутен износ тие немаат податоци, но посочи дека има над 500.000 отворени кредитни партии од физички лица и претпријатија.

Најави од 1 јануари дека ќе може граѓаните да се информираат во кредитното биро и доколку им е блокирана некоја сметка од кого е блокирана и по кој основ, како и за тоа дека веќе се работи на воведување нова услуга за оценување на кредитната способност на кредитобарателите. Воведувањето на овој „Извештај за кредитно рангирање“ ќе овозможи на кредиторите да го подобрат кредитното портфолио и да го скратат времето потребно за одобрување кредит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...