НЛБ Банка наградена за проектот „Пријателство со Специјална олимпијада Македонија“

80

НЛБ Банка АД Скопје е добитник на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики за 2018 година, во категоријата вложување во заедницата со проектот „Пријателство со Специјална олимпијада Македонија“.

 Станува збор за проект кој започна во 2016 година, а кој со текот на времето прерасна во едно трајно пријателство, кое продолжува со предизвикот за нови успеси на престојната Специјална олимпијада во Абу Даби 2019 година.

„Наградата е доказ за посветеноста на банката и вработените, кон пријателството со Специјална Олимпијада и нивните атлети, со кои заедно спортуваме и другаруваме. Националната награда за општествена одговорност се доделува 11-та година по ред од страна на Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерство за економија на Република Македонија. Годинава во конкуренција од 38 проекти, од кои 45 отсто беа во категоријата „вложување во заедницата“, се вели во соопштението од банката.

НЛБ Банка вторпат ја доби оваа награда. Првата награда банката ја освои за проектот: „НЛБ Галерија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...