Украинските власти денеска соопштија дека во времето кога во неделата руската армија ги задража нејзините три брода во Керчинскиот Теснец, тие се наоѓале во меѓународни води.
Украинското Министерство задолжено за „окупираните територии“ ги објави координатите на кои, според Киев, се наоѓале бродовите „Бердјанск“, „Никопол“ и „Јани Капу“ кога биле задржани од руската армија.
Според ова тврдење, бродовите се наоѓале „на 12 морски милји од зоната на територијалните води“.
Русија од своја страна тврди дека бродовите биле задржани кога „навлегле во руските територијални води“.
Русија во 2014 година го анектираше Крим и од тогаш го смета целиот Керченски Теснец за свои територијални води. Руската анексија на Крим не е призната од Украина и од меѓународната заедница.
Руската армија во неделата отвори оган врз трите украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.
На 12 од задржаните морнари Суд на Крим вчера им беше одреден притвор во тарење од два месеци под обвинеие за илегално преминување на руската граница со закана за насилство.