Евакуирани 10 трговски центри во Москва поради бомбашки закани

52

Руската полиција претпладнево евекуираше неколку илјади лица од 10 трговски центри во Москва, поради добиени закани за поставени бомби во нив.

– Оперативните служби добија сигнали за бомбашка закана во 10 трговски центри. Од објектите се евакуирани неколку илјади лица – соопшти претставник на руската полиција.

Како што јави ТАСС, во моментов реоните околу трговските центри се блокирани од полицијата, чии припадници ги проверуваат објектите.

Меѓу евакуираните трговски центри се и „Цветној“, „Атриум“, „Магаполис“, „Капитолиј“, „Хорошо“ и „Горбушкин Двор“.

Во периодот од септември до декември 2017 година во Русија беа регистирани серија лажни закани за поставени бомби, поради што беа евакуирани над 2,6 милиони лица од околу 4.000 објекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...