Повеќе пари за Државната изборна комисија, за Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, за Секретарјатот за европски прашања, за Народниот правобранител, се предвидува со Буџетот за 2019 година. Новата Агенција за примена на јазикот ќе има на располагање скоро 140 000 илајди евра. Со најголеми буџети ќе располагаат Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, министерството за здравство, Министерството за транспорт и врски, Министерството за одбрана. Неделната економска анализа на Portalb.mk ги анализира расходите на министерствата, државните агенции, регулаторни тела во новата 2019 година.
Министерство за внатрешни работи
Министерството за внатрешни работи, според висината на буџетот, котира меѓу првите на листата, со вкупни расходи од 177,2 милиони евра во 2019 година и во однос на годинашните позиции од основен буџет, тие се зголемени за скоро 27 милиони евра. Во рамките на МВР, за реформи во полицијата планирани се 11,4 милиони евра, за реформи во казнено – поправните установи предвидени се 3,1 милион евра а за изградба, реконструкција и опремување на затворите 1 милион евра. За плати и надоместоци во овој ресор планирани се 125,1 милион евра , сума која во однос на годинава е зголемена за 6,4 милиони евра.
Министерство за здравство
Догодина, ова министерството ќе располага со еден од најголемите буџети во износ од 105,3 милиони евра. За реконструкција и изградба на здравствени објекти, преку ова министерството, планирани се средства во износ од 3,2 милиони евра а за медицинска опрема 4,3 милион евра. За еден од најстратешките проекти во здравството – нов клинички центар во Скопје и во Штип планирани се средства во висина од 9,5 милиони евра а за општата болница Кичево 2,2 милиони евра. Вкупните капитални расходи во здравството се позиционирани на скоро 20 милиони евра. Преку ова министерство, Агенцијата за лекови догодина ќе добие скоро 2 милиони евра. За исплата на администрацијата резервирани се 23,3 милиони евра.
Министерството за локална самоуправа
Кај ова министерството догодина, во однос на годинава, намален е буџетот со кој ќе располага. Така, во 2019 година, вкупните расходи на овој ресор ќе изнесуваат 4,5 милиони евра. Годинава, тие се на позиција од 7,1 милион евра во рамките на основниот буџет. За прекугранична соработка планирани се средства во износ од 2,4 милиони евра а за рамномерен регионален развој 1,4 милиони евра. За плати и надоместоци во рамките на овој ресор ќе се потрошат скоро 500 000 илјади евра
Министерството за транспорт и врски
И Министерството за транспорт и врски, според висината на буџетските средства со кои ќе располага во 2019 година, котира високо на листата – со вкупни расходи од 118,2 милиони евра. Преку овој ресор за изградба на социјални станови резервирани се 5 милиони евра или 800 000 евра повеќе во однос на годинава. За изградба на водовод и канализација во општините во земјава, догодина ќе се потрошат 5,4 милиони евра, за проектот за водоснабдување и одведување на отпадни води, планирани се 9,8 милиони евра. За стратешкиот енергетски проект – гасификацијата ќе се потрошат околу 25 милиони евра а железничка инфраструктура 61 милион евра. Вкупните капитални расходи во овој ресор се проектирани на 104,3 милиони евра. За исплата на администрација ќе се потрошат скоро 4,2 милиони евра.
Министерството за труд и социјална политика
Со еден од најголемзните буџети, поголеми од 700 милиони евра, раполага Министерството за труд и социјална политика. Догодина ова министерството ќе има на раполагање 725 милиони евра што е за 20 милиони евра повеќе во однос на годинашниот основен буџет на овој ресор. За изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита во кои спаѓаат детски градинки и одморалишта ќе се потрошат 1,4 милиони евра а за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица со Буџетот 2019 година планирани се средства во висина од скоро 400 000 евра. Преку ова министерството, за исплата на надоместоци (за споцијална заштита, за цивилни инвалиди од војната, за детска заштита, за борци и воени инвалиди , за заштита на бегалци и азиланти) и права од социјалната област догодина ќе се потрошат 176,2 милиони евра. За мерки за намалување на сиромаштијата планирани се 4,2 милиони евра. За ставката „социјална заштита“ резервирани се средства во износ од 18,7 милион евра.
Министерство за одбрана
Вкупниот буџет на Министерството за одбрана догодина ќе изнесува 135,1 милион евра.
За администрација планиран е износ од 22,5 милион евра, за ставката „функционирање на АРМ“ обезбедени се 77,2 милиони евра а за унапредување на одбраната и безбедноста, односно за интеграција во НАТО ќе се потрошат 23,4 милион евра. Вкупните капитални расходи во ресорот одбрана се проектирани на 24,2 милион евра.
Повеќе пари за државни агенции, комисии, регулаторни тела..
Со буџетот за 2019 година, значајно се зголемени расходите на бројни агенции, регулаторни тела и комисии.
За Државната комисија за спречување на корупција резервирани се 562 000 евра, повеќе пари во однос на годинава ќе има за трошење и Државната изборна комисија за која е предвиден буџет од 6,1 милион евра.
Повеќе пари се предвидени и за Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, со износ за трошење од 10,2 милиони евра а Секретаријатот за европски прашања ќе има на располагање 2,4 милиони евра. Со Буџетот за 2019 година, во однос на годинава, Агенцијата за примена на јазикот има за трошење четири пати поголем буџет. Така, за оваа агенција предвидени се средства во износ од 140 000 евра.
Управата за финансиска полиција догодина ќе има за трошење 868,5 илјади евра, Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот 1 милион евра, а значајно се зголемуваат и расходите на Агенцијата за млади и спорт, пришто се предвидува тие да бидат на ниво од 9,6 милиони евра. Во новата буџетска година. Народниот правобранител ќе може да потроши 1,4 милиони евра, нешто повеќе во однос на годинава а повеќе пари се планирани и за Државниот завод за ревизија – на ниво од 1,6 милиони евра. Агенцијата за разузнавање во новата 2019 година ќе има за трошење 3,8 милиони евра а буџетот на Управата за јавни приходи е проектиран на 17,9 милиони евра.