Илјадници евакуирани поради пожарите во Австралија

68
ФОТО: МИА

Властите во австралиската сојузна држава Квинсленд денеска прогласија евакуација на околу 8.000 лица, поради пожарите што беснеат во тој дел на Австралија.

Тие информираа дека во Квинсленд во моментов горат над 130 пожари, поради што веќе е прогласена вонредна состојба во окрузите Гејсмеир и Станвел.

Во источните и централните делови на Квинсленд нивото на опасност од пожари првпат е зголемено на највисокиот, „катастрофален“ степен.

Поради пожарите, чие ширење е потпомогнато од сувото време и силните ветрови, затворени се над 35 училишта и пет детски градинки.

Пожарите во Квинсленд почнаа кон крајот на минатата недела и досега уништија неколку објекти, но нема информации за жртви.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...