Спајк Ли е еден од фаворитите на продукциската куќа Сони Пикчрс, за режисер на „Nightwatch” – спин-оф продолжение на „Човекот пајак“, објави порталот „Д Рап“.
Приказната во новиот филм е за научникот д-р Кевин Тренч, кој станува сведок на убиство од страна на група терористи кои користат софистицирана технологија за невидливост. Ликот на научникот првпат се појави во ТВ серијата за човекот пајак, во 1993.
Проектот е сѐ уште во фаза на претпродукција.