Собранието на денешната 11. седница да дебатира по Предлог законот за изменување на Законот за заштита од пушењето, по скратена постапка.
Измените се предложени од пратеници од владејачкото мнозинство, а се предвидува менување на одредбите од постојниот закон со чија примена, според предлагачите, се предизвикаа економски и социјални проблеми, односно се брише дел од еден став од законот кој го дефинира просторот за пушење надвор од угостителскиот објект.
„ Основната цел која треба да се постигне со предложените законски одредби е да се променат одредбите од постојниот закон со чија примена се предизвикаа економски и социјални проблеми. Законот чие донесување се предлага се заснова врз начелото за законитост, почитување на човековите слободи и права и гарантирање на нивно остварување, и во таа смисла правото на слободен избор на граѓанинот и стопанскиот субјект“, се наведува во образложението кон Предлог – законот.