Неколку илјади Срби денеска излегоа на протест во северниот дел на Косовска Митровица, во знак на револт против мерката на косовската Влада за двојно зголемување на царинските давачки.
Со стопроцентното зголемување на давачките, што ги воведе Приштина по неуспехот Косово да стане членка на Интерпол, Србите велат дека останале без лекови и храна.
Увезени производи од Србија и од БиХ веќе нема во продавниците и во магацините, што ги изреволтира косовските Срби.
Брисел и Вашингтон се на страната на Србија и бараат од Приштина да ја повлече одлуката за зголемување на царините, бидејќи тоа не е во согласност со меѓународните закони за слободна трговија.