Порошенко: На Русија никој не и верува

106

Барањето на Русија за итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Азовското Море, под премисата дека Украина наводно ја повредила руската граница е одбиено и тоа покажува дека никој не и верува на Русија, изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко.

– Постојат јасни докази за агресијата на Русија на Украина по пат на Азовското Море. Што чекаше Путин? Чекаше да го повториме она што го направи Грузија. Чекаше можност да пролие крв на илјадници Украинци, но Украина отиде по друг пат. Ќе направиме сè што можеме за да ја сочуваме нашата земја – напиша Порошенко на Фејсбук.

Во Украина утре ќе биде прогласена воена состојба со траење од 30 дена, а со неа ќе бидат опфатени делови од територијата.

Руските сили на 25 ноември запленија три брода на украинската морнарица и Керченскиот Теснец, меѓу Црното и Азовското Море, со тврдење дека тие нелегално влегле во руските територијални води.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...