Словенечкиот премиер Миро Церар поднесе оставка откако Врховниот суд го поништи минатогодишниот референдум за еден железнички проект.
Врховниот суд пресуди дека владината поддршка на проектот во текот на кампањата на референдумот била еднострана и дека можела да влијае врз исходот на гласањето. Референдумот одржан во минатиот септември го поддржа владиниот план за изградба на 27 километри пруга од пристаништето Копер до границата со Италија.
Потегот на Церар е големо изненадување бидејќи доаѓа на неколку месеци пред закажаните редовни парламентарни и