Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека Владата планира да ја затвори државната Агенција за Бугарите во странство, по скандалот со незаконско издавање на бугарски државјанства на странци.
– Задолжив неколкумина од колегите да размислат како да ја затвориме Агенцијата за Бугарите во странство. Тука се Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда и Претседателството. Тоа се трите институции, што ќе се произнесат по ова прашање – изјави Борисов.
Според бугарската Влада, надлежностите што сега ги има Агенцијата можат да се поделат на неколку други државни институции..
Обвинителството на Бугарија минатиот месец започна истрага против службеници во Агенцијата во врска со наводите за корупција и злоупотреби при издавањето на бугарски државјанства на странци