Успешно слетување на Марс на сондата Инсајт!

799

Првото вселенско летало на НАСА што во последниве шест години го посетува Марс успешно слета надминувајќи најтешката и најнервозна фаза од мисијата. Инсајт ги преживеа седумте минути на терор од судирот со атмосферата на Марс.

Лансиран од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија, истражувачкиот дроид ја почна својата мисија уште на 5 мај. Оттогаш, сондата трпеливо се движеше кон својата цел, на рамнината Елизиум на Марс.

Се смета дека тоа е местото каде што Инсајт ќе има најголема шанса да ги собере саканите податоци за планетата: да ги истражи составот на тлото, геодетската активност, да ја измери температурата и слично. Сензорите ќе може да ги забие и до 5 метри во длабочината на црвената планета.

Се очекува Инсајт веднаш да се фати за работа – да се обиде да ги разбере тајните што лежат под Марс, првпат во историјата.

Сондата веднаш ја испрати и првата слика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...