Меј: Никој не знае што ќе се случи ако Парламентот го отфрли договорот за Брегзит

127
ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Никој не знае што ќе се случи доколку Парламентот во Лондон го отфрли постигнатиот договор за Брегзит меѓу Велика Британија и ЕУ, изјави денеска британската премиерка Тереза Меј.

– Долниот дом (на Парламнетот) треба да направи избор – може да го поддржи договорот или да го отфрли и да се вратиме на почетната позиција – изјави Меј во обраќање пред британските пратенци.

Таа нагласи дека ако Парламентот го отфрли договорот, никој не може да знае што ќе се случи.

– Тоа ќе ги отиври вратите за уште поголеми поделби и несигурност, со сите ризици што таа ги носи – порача Меј.

Британската премиерка се обидува да обезбеди поддршка за договорот за Брегзит, кој е изложен на критики како од редовите на нејзината владејачка Конзервативна партија, така и од страна на опозициските партии.

Засега е неизвесно дали Меј ќе обезбеди мнозинство во Парлементот за усвојување на договорот, кој вчера беше поддржан од останатите земји членки на ЕУ на вонредниот Самит на Унијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...