Земјотрес со јачина од 3,6 степени го потресе денеска црногорското приморје.
Потресите најмногу се почувствуваа во Будва и Херцег Нови.
Како што јави Сеизмолошкиот завод на Црна Гора, епицентарот е регистриран нешто по 15 часот, на седум километри североисточно од Крушевице.
Епицентарот на земотресот е лоциран на длабочина од 13 километри. Заводот наведе дека овој земјотрес не можел да предизвика материјални штети во епицентралното подрачје.