Одборот за доделување на државната награда Св.Климент Охридски“ донесе одлука за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ во 2018 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.
Како што соопшти Министерството за култура, во областа на воспитанието и образованието наградата им се доделува на просветните работници Кимет Агаи и Аднан Агаи, а во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на режисерот Владимир Милчин, на балетскиот уметник Емилија Стаменковиќ и на писателот Томислав Османли.
За достигнувања во областа на здравството наградата се доделува на патофизиологот проф. д-р. Борислав Каранфилски
Оваa одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во „Службен весник на РМ“, се додава во соопштението на Министерството за култура.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември 2018 година во свечената сала на Собранието на Република Македонија.