Градежниците говорат за законската регулатива, а ги тишти лошата година

Според градежниците, оптимистички се најавите дека идната година се планирани капитални инвестиции од 6 милијарди денари.

67
20130527 Monday 1052 Skopje vmro hotel bristol gradenje SK14

Построги услови за добивање лиценци на градежните компании, енергетската ефикасност како и проектирање на линиската инфраструктура да бидат дел од новиот Закон за градење.
Ова, како што соопшти денеска претседателот на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија Андреја Серафимовски, му го соопштиле на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната дебата во Комората.

– Моментно е најважно изменување и дополнување на законите за градење и за урбанистичко и просторно планирање, но треба да се размислува и за помош на домашните градежни компании и надминување проблемите поради кои годинава е најлоша за градежништвото во последните 15 години – рече Серафимовски.

Според него, оптимистички се најавите дека идната година се планирани капитални инвестиции од 6 милијарди денари.

– Цениме дека ова е вистински момент кога комората и целата фела треба да се приклучи за помош на Министерството и да се добие голема основа за тоа што ќе се случува- рече тој.

Серафимовски потсети и на пробелмите кои ги имаше оперативата и градежниците во изминатиот период како резултат на одлуките што беа носени на база на слаба законска регулатива и слаба поддршка.

– Сега е вистински момент кога Министерството треба да ја обедини целата фела со цел најавените инвестиции да почнат да се реализираат без проблеми и да се одвиваат како во сите нормални држави, а не како што имавме искуство во претходните проекти – рече Серафимовски.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјави дека законите кои се важни за градбата се при крај на донесување. Законот за урбанизам е пред разгледување на Влада, а Законот за градење е во нацрт и за него се очекуваат мислењата на засегнатите страни.

Сугарески рече дека идната година ќе се засилат инвестицините активности на државата во патната и железничката инфраструктура, и дека се надинати сите проблеми што ги имале овие инвестиции годинава што пак влијаело на лошата состојба во градежништвото.

– Ќе имаме сериозно интензивирање на активнотите на проектите на автопатот Кичево-Охрид, завршување на проектната документација на автопатот Скопје-Блаце, дополнително сериозно интензивирање на експресните патишта, бројните реконструкции на патиштата. Исто така во железничката инфраструктура интензивирање на првата делница од пругата кон Бугарија, од Куманово до Бељаковце, тендер за втората од Бељаковце до Крива Паланка, како и обезбедување финансии за третата од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Завршена е и проектната документација за пругата Кичево-Лин – рече Сугарески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...