Горивата поевтини од полноќ

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 63 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 65 денари.

251

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за четири денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 3,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 63 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 65 денари.

Литар „еуродизел (Д-Е V)“ ќе чини 61 денар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,5 денари.

За 3,307 денари по килограм се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и килограм од тој енергенс ќе се продава по 31,826 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...