Сугарески: Сѐ е законски со парцелата кај Холидеј ин

Државата на паркингот поседувала 9.048 квадратни метри и на инвеститорите ДТПУ М.Г. Фешн ДОО увоз-извоз Скопје и ТДГ ОБНОВИТЕЛИ ДОО Скопје им го продала по цена од 312 евра за квадратен метар.

1042

Сѐ е законски со парцелата кај Хокидеј ин. Законски е извршена и продажбата на државното градежно земјиште на паркингот кај Холидеј ин, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Сѐ е законски со парцелата. Окрупнувањето на земјиштето е направено согласно Законот за градежно земјиште, а цената на квадратен метар е формирана врз основа на Уредбата за висината на цената на градежното земјиште во сопственост на државата. Инвеститорот поседуваше 30 отсто од земјиштето и според законот има право да ја дооформи парцелата – рече Сугарески.

Сугарески рече дека се натаму е во надлежност на Општина Центар, по што Министерството за транспорт и врски треба да даде согласност за градење.

Државата на паркингот поседувала 9.048 квадратни метри и на инвеститорите ДТПУ М.Г. Фешн ДОО увоз-извоз Скопје и ТДГ ОБНОВИТЕЛИ ДОО Скопје им го продала по цена од 312 евра (19.200 денари) за квадратен метар и инкасира вкупно 2.824,740 евра (173.721.538 денари).

Вкупна површина на градежна парцела 13.653м2, од која приватна сопственост е 4.605 квадратни метри. Во рамки на парцелата е и отстапениот дел од земјиштето на Македонската православна црква, за кој таа ќе добие станови.

Според најавите на парцелата ќе се градат три станбени објекти со по 60 ката.

Од општина Центар за медиумите изјавија дека поради мораториумот на деталниот урбанистички план на инвеститорите се уште не им е дадена дозвола за градба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...