Компанијата Дизни сними уште една преработка на своја класика: цртаниот од 1990-те, „Кралот лав“. Новиот филм е исто така делумно анимиран, компјутерски, но сето тоа сега изгледа многу пореалистично.
Гласовите за овој филм ќе ги позајмат: Доналд Гловер (како главниот лик Симба), Бијонсе (мајката лавица), Били Ајхнер (мунгосот Тимон), Сет Роген (дивото прасе Пумба) и препознатливиот Џејмс Ерл Џоунс како главниот антагонист – злобниот лав Муфаса.
Проектот е во постпродукција, а премиерата е закажана за 19 јули 2019 година.
Here’s a side-by-side of ‘The Lion King’ trailer with the same scenes from the 1994 original movie. #TheLionKing pic.twitter.com/nHpKHWDzPJ
— Lights, Camera, Pod (@LightsCameraPod) November 22, 2018
ФОТО: Принтскрин