Иако на градежниот пазар „Голден арт“ како компанија постои 13 години, традицијата на изградба кај семејството Јакимовски е присутна многу подолго време.
Според генералниот директор Ивица Јакимовски, со самото основање на „Голден арт“ тие го продолжија патот по кој што чекореле нивниот татко, дедо и останатите предци.
– Традицијата која „Голден арт“ ја продолжува е повеќе од 100 години. Така што не е случајно што сме во тој сектор. Со основањето на „Голден арт“ во 2005 година поставивме одредени приоритети и цели, кои денес ги имаме постигнато – вели Јакимовски.
Компанијата досега има реализирано комплетно 65 објекти, меѓутоа, смета Јакимовски, не се сведува сѐ на бројка, затоа што секој објект има посебна приказна зад себе, секој објект се реализира во различен временски период.
Еден од објектите кој, според Јакимовски, во многу нешта е пример за добро градење е објектот на „Голден арт“ во Карпош.
– Тој објект влегува во делот на системи коишто „Голден арт“ ги има поставено – Голд системот. Се разликува од останатите системи затоа што се работи за изградба со повисока класа на материјали, кои додаваат повисока вредност на самиот квалитет. Сѐ што е вклучено во фазите за изградба на еден објект, буквално во сите сегменти, е кренато на едно повисоко ниво – вели Јакимовски.
Водејќи се по самиот слоган „Дом. Не само стан“, „Голден арт“ се грижи во секој од објектите кои се градат и во секој краен производ, да се даде максимален труд, истиот да биде дом и да биде во функција на секојдневните потреби.
– За да се добие производ кој има вредност на дом, потребно е до крај да се гради со квалитетни материјали, да се добие квалитетен производ, којшто во текот на користење на самиот стан ќе гарантира квалитет. Тоа е и целата суштина, сѐ што е изградено се гради исклучиво по тој систем што го имаме воспоставено како „Голден арт“, систем којшто гарантира квалитет – вели Јакимовски.
Тој додава дека покрај квалитетот, секој објект што е изграден од „Голден арт“ во самиот систем е опфатен со енергетска ефикасност, со што потрошувачката на енергија којашто е потребна за греење и за ладење е сведена на минимум, поточно објектите коишто се градат од страна на „Голден арт“ се влезени во енергетска класа А. Тоа во пракса би значело дека сметките кои што се потребни за греење и за ладење би се намалиле до 6 пати.
Пред 4 години, „Голден арт“ формираше и едукативен центар, кој редовно функционира и има една единствена цел – луѓето коишто се заинтересирани да купат стан да можат да ги добијат одблиску сите информации кои би им помогнале во одлуката.
– Во системот којшто е поставен од страна на „Голден арт“ влегуваат сите материјали во делот како водовод и прозорска техника во соработка со Rehau, сува градба заедно со Knauf, ѕидаријата за која задолжени се Nexe, Baumit за фасадниот систем… значи сите можни фази со голем број на производители на градежни материјали, коишто претходно имаат воспоставен сопствен систем кој гарантира за нивните материјали. На тој начин се докажува квалитетот на градежниот материјал. Водејќи се по тоа што е потребно за изработка на еден стан да биде склоп од повеќе производи коишто се потребни, воспоставивме внатрешен систем во кој имаме единствена можност преку едукативниот систем да им го прикажеме на идните купувачи – вели Јакимовски.
Едукативниот центар на „Голден арт“ нуди бесплатна можност секој да може одблиску да се запознае со системот којшто „Голден арт“ го вградува и поддржува, но и одблиску да се запознаат сите производители на градежни материјали и да се добијат многу подетални информации.
(промотивен текст)