Во Истанбул се урна воен хеликоптер, четворица загинати

95

Најмалку четворица војници загинаа кога во станбениот кварт Санџактепе во Истанбул се урна турски воен хеликоптер – јави Анадолија.

Во инцидентот е повреден еден војник.

Засега не е позната причината за уривањето на хеликоптерот.

На местото на инцидентот пристигнаа повеќе возила на полицијата и Брзата помош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...