Британија не се откажува од Гибралтар

Гибралтар е прекуморска територија на Велика Британија , но на него право полага и Шпанија.

586

Обединетото Кралство секогаш ќе биде со Гибралтар, изјави денеска во Брисел, британската премиерка Тереза Меј.

-Секогаш ќе преговараме во име на целото семејство на Обединетото Кралство, вклучувајќи го и Гибралтар“- рече Меј пред утрешните преговори со Унијата.

Таа рече дека проблемите со Гибралтар по повод излегувањето на Велика Британија од ЕУ се решени на конструктивен и разумен начин.

– Се осигуравме дека Гибралтар е покриен со целиот договор – рече Меј.

Гибралтар е прекуморска територија на Велика Британија , но на него право полага и Шпанија.

Шпанија претходно постигна договор со Европската унија по ова прашање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...