Турција постигна нов историски рекорд во областа на туризмот, откако оваа година ја посетија речиси 40 милиони туристи, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Според Турскиот институт за статистика, изминатава година Турција ја посетиле 38,5 милиони странски туристи.
На 19 ноември, кога се одржа церемонијата за завршување на изградбата на морскиот дел од гасоводот „Турски тек“, на која учествуваа лидерите на Турција и Русија, Ердоган соопшти за уште еден рекорд. Тој нагласи дека за девет месеци од годинава над 5,1 милион туристи од Русија ја посетиле Турција, што е најголема бројка во последните неколку години.