Ердоган смета дека e мал бројот на жени во турскиот Парламент

Тој додаде дека во турските универзитети речиси половина од професорите се жени.

72

Бројот на народни претставнички во турскиот Парламент не е доволен, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Во 600 члениот Парламент моментно има 104 жени, што е 17,5 проценти од вкупниот број пратеници, но тоа не е доволно, истакна Ердоган на третата средба „Жени и правда“ во Истанбул.

Во однос на улогата на турските жени во политиката, образованието и другите сфери од животот, турскиот претседател нагласи дека бројот на вработени жени во Турција се зголемил по доаѓањето на власт на неговата Партија на правда и развој во 2002 година, од 28 до 38 проценти.

Тој додаде дека во турските универзитети речиси половина од професорите се жени.

– Вработените жени во нашата земја, кои се 9,12 милиона, придонесуваат за развојот на Турција и ние се гордееме со нивниот успех – истакна Ердоган, додавајќи дека тие се неделив елемент и од семејството, и од бизнисот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...