Уништувањето шуми во регионот Амазонија оваа година е најголемо во изминатите 10 години, покажуваат податоци од бразилската Влада.
Тоа најмногу е предизвикано од илегалното сечење шуми и продирањето на земјоделие во џунглата.
Сателитски снимки преку кои се следи состојбата, покажуваат дека 7.900 километри квадратни шуми се уништени во Амазон, што претставува околу половина од територијата на Јамајка.
Се работи за зголемување од 13,7 отсто на уништена површина во однос на истиот период минатата година. Уништувањето шуми е клучен фактор што стои зад глобалното затоплување и предизвикува годишно околу 15 отсто штетни емисии, колку и транспортниот сектор.
Бразилскиот министер за животна средина Едсон Дуарте преку соопштение оцени дека илегалната сеча на шуми е главната причина за исчезнувањето на Дождовната шума на Амазон. Тој ја повика Владата да го зголему надзорот над џунглата.