ЕДС: Неточни и веќе се демантирани информациите од пресот на ВМРО ДПМНЕ никаква истрага од грчкото обвинителство

ЕДС уште еднаш потенцира дека доколку продолжат да се изнесуваат невистинити и неточни информации во врска со компанијата, се преземаат и ќе бидат преземени сите потребни, правни чекори за да се заштити угледот на компанијата ЕДС и да се спречи ширењето на лажните обвинувања.

239

ВМРО ДПМНЕ повторно за веќе демантирана вест одржа прес конференција. ЕДС уште еднаш остро ги демантира и отфрла како невистинити сите наводи дека е започната каква било истрага во врска со продажбата на компанијата ЕДС, или пак во врска со претходниот сопственик Кочо Анѓушев.

Компанијата ЕДС целосно премина во сопственост на грчката државна компанија за производство на струја, Public Power Corporation и како таква продолжи да работи на регионалниот пазар. Купопродажниот договор е склучен согласно законските процедури, а на истиот претходеше извештај од повеќе реномирани ревизорски куќи кои ја проценија вредноста на компанијата.

ЕДС уште еднаш потенцира дека доколку продолжат да се изнесуваат невистинити и неточни информации во врска со компанијата, се преземаат и ќе бидат преземени сите потребни, правни чекори за да се заштити угледот на компанијата ЕДС и да се спречи ширењето на лажните обвинувања.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција побара по допрен глас обвинителство и надлежните институции да го истражат случајот кој го покренале грчки медиуми во врска со продажбата на ЕДС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...