Берлин: Чувар во Маутхаузен обвинет по 36.000 точки за соучество во убиство

140

Обвинителството во Берлин денеска соопшти дека еден 95-годишен маж бил обвинет за повеќе од 36.000 точки за соучество во убиство додека бил чувар во концентрациониот логор Маутхаузен.

Ханс Вернер Х., чие презиме не беше објавено поради регулативите за приватност, беше обвинет дека бил чувар на СС- единица од средината на 1944 до почетокот на 1945 година.

Во тој период, повеќе од 36.000 луѓе биле убиени во логорот, главно во гасната комора.

Обвинетиот не беше обвинет за некое конкретно убиство, но обвинителството посочи дека како чувар помагал да функционира логорот.

Се верува дека 95.000 лица биле убиени во Маутхаузен, вклучувајќи 14.000 Евреи.

Меѓу жртвите имало и советски воени заробеници, Шпанци, кои се бореле против генералот Франческо Франко, како и други жртви.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...