Почина детето што јадеше тоалетна хартија

431

Момче од Јужна Африка, кое стана познато ширум светот по тоа што јаде тоалетна хартија, поради својата необична здравствена состојба (секогаш бил гладен) почина на 11-годишна возраст, пренесува „Дејли мејл“.

Каден Бенџамин страдал од синдромот Прадер-Вили, поради што постојано јадел, а до својата 10 година бил тежок 90 килограми.

Тој почина во болницата Стив Бико во Преторија на 15 ноември.

Состојбата на Каден подразбираше дека неговиот мозок не можел да регистрира дека на неговото тело не му треба повеќе храна и тој никогаш не чувствувал дека е сит. Каден на крајот започнал да јаде тоалетна хартија, бидејќи не можел да добие друга храна.

Извештаите наведуваат дека неговата дебелина му донела сериозни проблеми со дишењето, а пред неколку години бил принуден да направи операција, па до крајот на животот дишел преку цевка. Тој боледувал од проширено срце, дијабетес и депресија.

Семејните пријатели започнале кампања за собирање средства за неговото лекување, а сега сите пари се пренасочени за организирање на неговиот погреб.

Неговата мајка Зола Бенџамин е очајна поради загубата, а за медиумите раскажала дека нејзиниот син јадел тоалетна хартија, бидејќи никогаш не бил сит.

Синдромот Прадер-Вили му бил дијагностициран кога имал три години, а кога имал 40 килограми. Мајка му морала да ги заклучува орманите и фрижидерите, со цел да ги крие производите од нејзиниот син. Истакнува дека со него секојдневно водела битка и дека морала постојано да го надгледува. Каден поради здравствената состојба и депресијата не можел да се дружи со другите деца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...