Мост кој секоја година се урива и се гради

1382

Над реката Меконг во источна Камбоџа има мост кој локалното население го користи само во летниот период. Тој се прави од бамбуси, не е многу стабилен, а најинтересно е тоа што секоја година по еднаш се урива и одново се гради.

Имено, мостот им е потребен на жителите само лете. Во сезоната на дождови, кога и водата во реката нараснува и носи сѐ пред себе, луѓето ги собираат трските и ги употребуваат за нешто друго. Кога нивото на реката повторно ќе се спушти, мостот повторно се поставува.

Тој денес претставува туристичка атракција. Најмалите посебно, но и повозрасните уживаат во претрчувањето преку мостот, иако тоа, секако, се наплаќа.

Оваа необична традиција трае децении, но наскоро може да запре бидејќи во близина властите имаат намера да изградат траен, цврст и висок мост.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...